Ѓорѓиевски: Историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз

Одлична вест за скопјани. Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

Тој упати благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Александар Николоски за, како што вели, силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани.

-Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани. Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија. Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје, пишува Ѓорѓиевски.

Додава дека за само неколку месеци докажале дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка – нема невозможни работи.

-Кога се сака, сѐ се може! Скопје го правиме заедно. По скопски, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук

Back to top button
Close