Орбан изразува надеж дека Трамп ќе биде реизбран

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде реизбран на таа позиција на претстојните претседателски избори.

Тој рече дека за време на состанокот со американскиот амбасадор во заминување во Будимпешта, Дејвид Б. Корнштајн, наведувајќи дека сè ќе се смени по изборот на Трамп за претседател, пренесува МТИ.

– Соединетите Американски Држави покажаа отворен, искрен и пријателски пристап кон Унгарија, рече Орбан.

Тој пред неколку дена исто така изјави дека се надева дека Трамп повторно ќе биде претседател на САД и дека го поддржува во тоа

Back to top button
Close