Орбан не попушта – ќе стави вето за ембарго на нафта за Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Будимпешта не е во позиција да се согласи со предложените нови санкции на ЕУ, вклучително и нафтено ембарго кон Русија.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Орбан рече дека е „неверојатно“ да се најде решение до самитот на лидерите на ЕУ следната недела и дека лидерите не треба да разговараат за ова прашање на состанокот.

Во писмото се вели:

„Гледајќи ја тежината на прашањата кои сѐ уште се отворени, многу е малку веројатно дека може да се најде сеопфатно решение пред специјалниот состанок на Европскиот совет на 30-31 мај“.

Орбан вели дека е „убеден“ оти дискусијата за пакетот санкции „во отсуство на консензус ќе биде контрапродуктивно“, додавајќи дека тоа само ќе ги нагласи внатрешните поделби без да понуди реални шанси за нивно решавање.

Унгарија се потпира на руската нафта од еден нафтовод и нејзиниот лидер тврди дека ембаргото ќе ја уништи економијата на земјата. ЕУ ѝ понуди на Будимпешта, како и на Словачка и на Чешката Република, долги исклучоци од воведување на ембаргото.

И покрај ова, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека е само „прашање на недели“ за ЕУ да се договори за ембарго на руската нафта.

Во изјава за Си-Ен-Ен, таа рече:

„Работиме напорно на тоа во моментов, тоа е прашање на недели, но навистина мора да најдеме решение за инвестициските потреби.

Затоа, ова е важно, мораме да го скроиме на начин да немаме ситуација Путин да ја земе нафтата. Дека не ни ја продава нам и [потоа] ја продава по повисока цена на светскиот пазар

Back to top button
Close