Орбан победи на изборите, покажуваат постизборните анкети

Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија. Унгарската владејачка коалициска партија Фидес е победник со освоени 121 место во Парламентот од 199 пратеници, покажуваат резултатите од постизборната анкета на агенцијата Медијан.

„Според анкетата, Фидес освои 49 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција Обединети за Унгарија ја доби поддршката од 41 отсто од гласачите“, изјави директорот на Медијан, Ендре Хан.

Резултатите од анкетата покажуваат дека во Парламентот ќе влезат и левичарската Демократска коалиција со 21 место, конзервативната Јобик со 16, либералното Монументално движење со 15, социјалистите со 12, либералниот Дијалог со осум, зелените со пет и германското национално малцинство со едно место, пренесува агенцијата МТИ.

Back to top button
Close