Орбан се појави на Соборот на трубачи во српска Гуча
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан е снимен на Соборот на трубачи што викендов се одржуваше во српска Гуча.
На Орбан друштво му прават Оскар Вилаги, заменик-генерален директор на нафтената компанија МОЛ, и архитектот Даниел Тарацки кој се поврзува со проектирање имоти на семејството на екс премиерот.
На видео-снимките, објавени од новинската агенција РИНА, се гледа како Орбан, видно расположен, се шета на собирот и се фотографира со дел од присутните.
Вилаги, според пишувањата на унгарските медиуми, е милијардер со потекло од Словачка и со години близок пријател на поранешниот премиер.
Со нив бил и архитектот Даниел Тарацки, главен проектант на Хатванпуста – голем имот поврзан со семејството на Орбан, за кој подолг период тогашната опозиција прашуваше како и со чии средства е граден.







