Орбан со честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска Давкова

Премиeрот на Унгарија, Виктор Орбан меѓу првите им честиташе на Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска Давкова за историската победа на двојните избори во Македонија.

– Честитки до ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ!, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс

Back to top button
Close