Орбан: Срамна е изјавата на Фон дер Лајен за правата на ЛГБТ во Унгарија

Забелешките на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на унгарскиот закон со кој се планираат нови ограничувања на правата на ЛГБТ заедницата се срамни и се темелат на лажни изјави, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан

-Неодамна усвоениот унгарски закон ги штити правата на децата, ги гарантира правата на родителите и не се однесува на правата на сексуална ориентација на лицата над 18 години, па затоа не содржи никакви дискриминаторски елементи, се наведува во изјавата на Орбан .

Унгарската агенција МТИ ја пренесе изјавата на Орбан дека изјавата на претседателката на ЕК е срамна бидејќи унгарскиот предлог-закон се заснова на членот 14 (3) од Повелбата за основните права на Европската унија.

-Претседателката на ЕК објавува пристрасно политичко мислење без претходно непристрасно истражување, рече Орбан.

Унгарскиот парламент неодамна донесе измени и дополнувања на повеќе закони со кои се забранува прикажување и унапредување на родовиот идентитет, освен полот при раѓање, промена на полот и хомосексуалноста на лица под 18-годишна возраст.

Тринаесет земји-членки на ЕУ, претежно западни, вчера ја осудија Унгарија за измените и ја повикаа Европската комисија да ги искористи сите расположливи средства за да обезбеди усогласеност со европското законодавство.

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска, исто така, го критикуваше новиот закон.

-Мислам дека овој закон е погрешен и е некомпатибилен со моите идеи, рече канцеларката во Долниот дом на германскиот Парламент.

Back to top button
Close