Оштетените штедачи на Еуростандард: Како се крадат 500 илјади евра од Еуростандард банка?

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка продолжува да бара правда за како што велат, масовниот грабеж на депозити во банката.

„Додека чекаме министерството за финансии да излезе со предлог измени на законот за банки со кој би се пополнил правниот вакум во стечајната постапка за Еуростандард банка, да продолжиме со разоткривање на КРИМИНАЛОТ кој се случувал со години а за кој до ден денес никој нема поднесено одговорност, а одговорни лица има многу.

Еден од нив е Слободан Наумовски кој е сопственик на фирмата Бартон дооел со седиште во Кавадарци. Го прашуваме Слободан Наумовски како добил кредит од Еуростандард банка и невратил 510 илјади евра цели 742 дена пред затворање на банката, а основа за задолжувањето била обична меница? Каква е таа умешност да земеш толку пари со кредит со покритие обична меница а да имаш приходи неспоредливо помали од земениот кредит!? Што има да каже Слободан Наумовски пред истражните органи за сторениот криминал? Дали овој човек ќе одговара не само кривично туку и со неговиот личен имот, да ги врати парите кои ги земал?

Фирмата Бартон дооел е основана во јануари 2001 година со непаричен влог од 2.500 евра. Основна дејноста на фирмата е подготовка и послужување на пијалоци. Депонент е на Комерцијална банка. Фирмата се води за деловно и правно активна, но не остварува активности ниту финансиски резултати од 2018 година па наваму. Претходно, во 2017 година, приходите на фирмата биле само 1.700 евра. Во билансите се избришани обврските на компанијата, кои не постојат од 2019 година. Со тоа во билансите не постои ниту долгот на фирмата према Еуростандард банка. Вкупната актива на фирмата од 2018 година до денес изнесува 2.850 евра. Во 2016 година имала двајца вработени, додека од 2017 година па наваму фирмата нема вработени.

Како оваа фирма добила кредит? Од увидот во билансите на фирмата, повеќе од очигледно е дека парите се дадени само на основа на обична меница со цел да не се вратат. Фирмата не плаќала рати од кредитот бидејќи немала ниту со што да плаќа уште кога е земен истиот. И тогаш кога имала некакви приходи пред повеќе години, тие биле неспоредливо помали од половина милион евра што оваа фирма ги должи према банката. Сега фирмара нема скоро ништо.

И сега, грижата на депонентите, физички и правни лица на ограбената Еуростанард банка, се ликови како Слободан Наумовски кој им ги земал средствата на оние кои истите ги довериле во лиценцирана и контролирана банка. Земањето произведува и обврска за враќање, но тоа не важело за Слободан Наумовски. Се разбира, го повикуваме и него да ги врати парите, бидејќи тие не се негови. Без сомнеж, кредитот е подигнат од Слободан Наумовски со намера и умисла да не се врати и највероватно парите исчезнат во непознат правец, којшто е всушност добро познат на истражните органи. Се очекува истите да реагираат и покренат постапка против Слободан Наумовски и сличните како него кои учествувале во масовниот грабеж на депозити во Еуростандард банка.

Слободане Наумовски, врати ги парите кои не се твои!“, пишува во соопштението од оштетените штедачи на Еуростандард банка

Back to top button
Close