Оштетувања во желудникот и хранопроводот има битолчанецот кој испил корозивно средство мислејќи дека е минерална вода

Ендоскопските испитувања на Клиниката за Токсикологија покажале оштетувања на хранопроводот и желудникот кај битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле во Битола, каде нарачал кафе и минерална вода.

Од Токсикологија за Фокус велат дека пациентот се уште е под опсервација, бидејќи последиците од ваквото труење се манифестираат подоцна. Тој е во стабилна состојба, но со сериозни оштетувања на органите, велат од таму.

Станува збор за 42-годишен маж кој бил примен на Клиниката пред четири дена.

Според пријавеното А.Т. испил кафе и побарал флаширана вода, откако ја испил првата голтка осетил дека не е вода. Се претпоставува дека битолчанецот испил раствор за машинско миење на садови.

Корозивите се група на хемикалии кои имаат својство да предизвикаат повреда на ткивата при контакт со хемиска реакција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close