Османи: Да бидеме смирени и одговорни, премногу сме блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса

Да бидеме смирени и одговорни. Премногу вложивме, премногу постигнавме, и што е најважно, премногу сме блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса, порача денеска преку видео порака министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Тоа, посочи тој, е нормално и човечки, но не смее да не доведе до пораз.
– Имаме премногу вложено, премногу постигнато. Едноставно сме премногу блиску за да си дозволиме да ја пропуштиме оваа шанса. Ние немаме добиено доверба за да се нервираме или да ја проектираме таа нервоза, туку за да бараме решение. Имаме многу пријатели, кои што сакаат да ни помогнат. Многу земји, чиј што интерес, се совпаѓа со нашиот. Но и знам дека имаме силен мотив да ги зачуваме нашите европски интеграции, нагласи Османи.
Апелирам, вели тој, на смиреност бидејќи политичките набои често не соодветствуваат со реалноста.
– Во земјите членки на ЕУ и во нашите соседи во Бугарија постои чувство на одговорност и потреба за изнаоѓање решение. Затоа не смееме да ја пропуштиме оваа шанса, премногу е важно за сите нас, изајви Османи.
https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1405024663034766/






