Османи: Не презедовме никакви обврски поврзани со наводите на бугарското МНР

Османи рече дека во Софија бил направен дијалог , биле ставени идеи за натамошни разговори на ниво на размена на идеи, а не биле преземени никакви обврски.

Инаку попладнево бугарското МНР излезе со соопштение во кое се наведени пет точки за наводен договор постигнат на средбата на 17 јуни.

Според МНР на Бугарија македонската страна изразила подготвеност во најкратки рокови Скопје да потврди пред ОН дека името РСМ не го означува географскиот регион Северна Македонија, кој се наога во Бугарија.

-По испорачањето на оваа вербална нота Бугарија веднаш ке запре да настојува да се употребува долгото име Република Северна Македонија

Втората точка е дека Македонија ќе запре со малцинските претензиии кон Бугарија потврдувајки дека нема историски ,етнички и други основи да бара малцински статус на било која група на луге.

Трето Македонија да почне процес на рехабилитација на жртвите од југословенскиот комунузам репресирани на нејзина територија поради бугарските чуства ..

Во четвртата точка преземна била обврска Македонија со Бугарија да ја адаптира содржината на наставните програми со цел објективно да се прикаже заедничката историја, како централен елемент во преамбулата на договорот за добросодество.

И петто, заедничко идетификување и отстранување на таблите и натписите на територијата на Македонија кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите, се наведува во објавата на МНР на Бугарија..Оттаму велат и дека министерот за надворешни Светлан Стоев веќе испратил и писмо до министерот Бујар Османи во кое тој навел дека очекува да бидат исполнети превземените обврски спрема Бугарија

Back to top button
Close