(ФОТО) „Ако си муслиман, не гласај“ – летоци и пораки по билборди во скопски Чаир

На повеќе локации во скопски Чаир денеска се шојави пораката „Не гласај“ – испечатена на летоци или испишана со спреј по ѕидови на објекти и столбови на билборди. Пораката е во изборен контекст, без да се посочува на кои избори да не се гласа – на парламентарните или на претседателските, пренесе 360 Степени.

Лесно воочлив е верски аспект, со оглед на тоа што на еден од летоците (види следна фотографија) пишува: „Ако си муслиман, не гласај“.

На друг леток, пак, пишува: „Плаши се од Алах, не заокружувај друг Господ освен него“.

Повеќе

Back to top button
Close