Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз.

САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите.

Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската Теснина.

„Ако некој треба да собира патарини, тоа ќе бидеме ние. Имаме целосна контрола. Имаме нешто што се нарекува блокада, челичниот ѕид на САД“, рече Трамп.

Тој додаде дека се обидува на Иран да му ја даде секоја шанса за преговарање „пред да ги обезглави“.

„Мислам дека можеме да добиеме нешто. Сакам да им ја дадам секоја шанса пред да им ги отсечат главите. Многу сум горд на фактот што ќе им дадам шанса на луѓето“, рече Трамп.

Претходно вчера Трамп рече дека без разлика дали Иран сака да го признае тоа или не, САД всушност работат на решавање на проблемите што Техеран ги предизвика во последните децении и го повтори своето тврдење дека Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје.

„Иранското раководство е неверојатно дволично. Прво бараат состанок, некои би рекле молат, и започнуваат разговори, нови се закажуваат во иднина, а потоа гордо велат дека нема разговори, дека ништо не се дискутира, дека наводно разговараат само со Оман“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.

Тој додаде дека Иран тврди дека ја контролира Ормуската Теснина и го наведе своето тврдење дека мореузот е контролиран од војската на САД.

„Ништо не поминува до Иран освен ако ние не го сакаме тоа и ништо нема да помине освен ако не се постигне договор или нивно целосно предавање“, рече Трамп.

Уранското Министерство за надворешни работи вчера објави дека во текот на изминатите осум дена, Иран и Оман воделе „конструктивни разговори“ за воспоставување нова рута низ Ормуската Теснина, која би имала еден коридор со насоки за влез и излез на бродовите, наместо повеќе одделни рути.

„Постигнувањето договор со Оман не е доволно за повторно отворање на Ормуската Теснина“, рече портпаролот на министерството, Есмаил Багеи, додавајќи дека „ништо нема да се промени во Ормуз додека Вашингтон продолжува со својата агресија и поморска блокада“.

Back to top button
Close