СДСМ: Доцнат плати во државни институции, вработени во ЕСМ добивале пораки да бидат трпеливи

Социјалдемократскиот сојуз обвинува дека доцни исплатата на плати во државните институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

Опозицијата вели дека вработнеите вообичаено добивале плати до петти во месецот, што сега не е случај.

„Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека сѐ уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи“се вели во соопштението на СДСМ,

Оттаму додаваат и дека од општини пристигнувале реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

„Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?“прашуваат од СДСМ.

Од Бихаќка велат дека со месеци предупредувале за катастрофалната состојба со буџетот.

„Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата“, стои во партиското соопштение.

Back to top button
Close