Преполовена држава плаче за вистински лидер!

Во дилемата помеѓу спасување на луѓе или лажна историја, властите го избраа второто, бидејќи добро знаеја дека овој народ е навикнат да ја бара среќата токму таму каде што сите други ја изгубиле. Се продолжува со (не)логичното – нека живеат мртвите дури и ако умираат живите!

Мерсел Биљали

Македонија немаше среќа со лидерството уште од самиот почеток, и пропушти бројни можности да го пронајде вистинскиот пат низ годините. „Успешните лидери гледаат можност во секоја тешкотија, а не тешкотија во секоја можност“ – вели Рид Маркам. Во секој случај, за да водите успешен оркестар, мора да се свртите кон музичарите, а ретко кон публиката. Водењето држава е слично на пловење. Има мирни времиња, но и силни бури. Секој може да го држи кормилото кога морето е мирно, но во бура треба знаење, храброст, сила и вештина.

На Кина ѝ беа потребни години за да излезе од екстремната сиромаштија и изолација. Но, со лидерството на Денг Сјаопинг (подоцна на од Си Џинпинг), Кина почна силно да се развива и да стане водечка глобална економска сила. Тие знаеја дека ако минатото ти затропа на вратата, не ја отворај, бидејќи минатото не ти е од никаква корист. Тие не се плашеа од иднината, за да се фатат за минатото. Светот сега е доминиран од „Made in China“ и иницијативата „The Belt and Road Initiative“. Со децении, кинеската економија растеше во просек 10 проценти годишно, побивајќи ги сите предвидувања на водечки економисти. Стана силна економија во светот со најголем БДП според паритетот на куповната моќ (ППП). Оваа година се очекува да достигне 44,295 трилиони долари, што е прво во светот (САД се на 32,384 трилиони долари), иако „по глава на жител“ САД сè уште се пред Кина.

Во 2019 година, Светската банка го нарече брзиот раст на Кина „најбрзата одржлива експанзија во историјата“. Со тоа темпо, Кина ја удвојуваше својата економија на секои седум години, при што реалниот приход по глава на жител расте со кумулативна стапка од 1.759 проценти. Oд 714 долари во 1980 година стаса до фантастични 13.277 долари по глава на жител во 2015 година. Оваа година се очекува да достигне дo 94.430 долари. Милијарда луѓе се извлечени од екстремна сиромаштија, која од 88 проценти во 1981 година, падна на само 0,4 проценти во 2025 година. Кинеска мудрост знае дека животот е цртеж без гума за бришење.

Во својата нова книга – „Кина: По трагата на змејот“, Gorge Heine, поранешниот чилеански амбасадор во Кина, пишува: „Под водство на Си Џинпинг, промените стана толку брзи што е измислен нов термин – „земја на магичен реализам“. Понатаму вели: „Ако градоначалникот вети дека мост ќе биде изграден за шест месеци, тоа мора да се случи. Во многу земји, истиот мост може да потрае пет или десет години, или можеби никогаш нема да биде“. Нивното важно мото е – навременото завршување на работата е половина од успехот.

Аеродромите во Пекинг, Шангај или Гуангжу се жива импресија за целиот свет. Возот што носи до аеродромот Пудонг во Шангај се движи со брзина од 450 километри на час. Шангај е еден век пред времето. Прескокнал цел век. Во Пудонг, десетици облакодери со повеќе од 100 ката се издигаат до реката Хуангпу. Во 1990 година, Шангај немал ниту една метро линија, а во 2025 година ги има 19 линии. Остатокот од светот може само да го сонува тоа. Во кинеската покраина Гуиџоу, неодамна беше пуштен во употреба најголемиот мост на планетата над Големиот кањон Хуиџијанг. Мостот е долг речиси три километри и висок 625 метри, без столбови! Чудо никогаш видено. И нормално што нивната тишина одекнува повеќе од секакви громогласни зборови.

Системот на мостови и тунели долг 55 километри, кој ги поврзува Хонг Конг, Жухаи и Макао со континентална Кина, е најдолгиот морски премин во светот. Се состои од три меѓусебно поврзани мостови потпрени на вертикални кабли обесени во подводен тунел поврзани со четири вештачки острови! Во близина на Џинан, главниот град на кинеската покраина Шандонг, изграден е најголемиот подводен автопат во светот – проект кој што е прогласен за инженерско чудо. За преминување преку жолтата река на патот Џинан Хуангганг е направен тунел со дијаметар од 17 метри и должина од 3.290 метри под вода, за само 110 дена! Тие и пречките знаат да ги претворат во можности. Буда вели – „Откријте го целиот свет и предајте му го целото свое срце“!

Масивен тунел долг 132 километри моментално се дупчи под Бохајското Море во североисточна Кина, проект што ја надминува секоја човечка имагинација. Тој го поврзува полуостровот Љаодонг со северниот полуостров Јантај, скратувајќи го патувањето од осум часа на само 45 минути, со возови од 400 км/ч. Тоа е сон за сите други развиени земји. А ние читаме 36 години и паѓаме на истиот тест.

Сите градови и села што пред триесетина години личеа на сиромашната Калкута, денес се светски позната глетка и извор на гордост. Во огромниот повеќекатен трговски центар „GUANGHUAN” во Чонгкинг, долниот кат е надреална имитација на огромна џунгла со соодветна флора и фауна и соодветна клима. „NEW CENTURY GLOBAL CENTER“ е најголемата шопинг зона во светот што може да прими 25 илјади луѓе истовремено. Има дигитално небо и дигитално сонце. Уште поимпресивен е комплексот „CHIMELONG“, неспоредливо најголемиот аквариум во светот во кој пливаат разни морски животни, вклучувајќи китови долги до 18 метри. Постојат илјадници други футуристички објекти, полни со илузии и роботи кои служат во секој агол.

Земјоделството во Кина е важен економски сектор и вработува над 300.000.000 луѓе. Кина е прва земја по земјоделско производство во светот на само 10% од нејзината површина, а храни околу 23% од светското население. Дури и дел од Тибетска висорамнина служи за некаква земјоделска цел. Кинезите дури и пустините ги претвораат во земјоделско земјиште, за разлика од нас што квалитеното земјишто го претвораме во пустина.

Кинезите се карактеризираат со голема смиреност каква што нема остатокот од светот. Замислете Трамп да ги навредува со „кинескиот вирус“ со години, а тие никогаш не одговорија. Напротив, за време на неодамнешната посета на Трамп на Кина, тој беше пречекан како крал. За кинезите, сè уште важи старото правило – „не е важно дали мачката е бела или црна, сè додека лови глувци“. Експертите велат дека во 2050 година, трите најголеми економии во светот ќе бидат Кина, Индија и САД, (по тој редослед).

Интересно што, тројца реномирани експерти – Џон Миршајмер, Алфред Мекој и Бери Бузан – нагласуваат дека брзиот економски раст на Кина наскоро ќе го урива приматот на САД во светот, а со тоа и на „Pax Americana“.

 

Други економии!

Холандија има површина од околу 41,5 илјади км2 (малку поголема од Северна Македонија), со над 17 милиони жители и животен стандард речиси пет пати повисок од нашиот. Холандија е втор најголем извозник на земјоделски производи во светот (веднаш по САД), благодарение на високата продуктивност во автоматизираните оранжерии. Годишниот извоз на земјоделски производи надминува 126 милијарди евра. Од таков извоз, холандската економија заработува над 45 милијарди евра нето вредност годишно.

Земјоделската и прехранбената индустрија во Холандија, во просек генерира по глава на жител околу 37.133 евра бруто домашен производ. Таа има само 4,15 милиони хектари земјоделско земјиште, од кои една четвртина е под нивото на морето, а 42 проценти се пасишта. И покрај само 60 сончеви денови годишно, таа држава со многу модерни технологии и методологии е на врвот на светот.

Израел има високо развиена економија и слободен пазар. Земјата има софистицирана технологија, нови метологии, модерна инфраструктура еквивалентна на развиените земји и високотехнолошки сектор, силиконската долина. Има втор најголем број стартап компании во светот по САД. Израел е трет по број компании котирани на NASDAQ (по САД и Кина). Тука се и Intel, Microsoft, Apple, но и повеќе од 400 високотехнолошки мултинационални корпорации, како што се IBM, Google, Nvidia, Hewlett-Packard, Cisco Systems, итн. Од 2025 година, ММФ процени дека Израел е 25-та најголема економија во светот според номиналниот БДП и една од најголемите економии на Блискиот Исток.

Сингапур е економско чудо. Од сиромашна колонија стана една од најбогатите земји во светот. Иако имаат само 3,4 милиони работоспособни жители, годишниот бруто домашен производ на Сингапур е повеќе од 330 милијарди долари. Тие имаат високо развиена индустрија и финансиски сектор, а пристаништето на Сингапур е најпрометното во светот. Околу 10 милиони туристи ги посетуваат годишно. Малезија и Индонезија исто така имаат висок раст. И ние продолжуваме да ја пееме истата здодевна песна за бугарската диктатура со години!

Две децении по враќањето на својата независноста, Црна Гора речиси четирикратно го зголеми својот бруто домашен производ. Повеќе од трипати го зголеми својот просечен нето приход и постигна рекордна вработеност. Таа е многу побогата отколку што беше во 2006 година кога стана независна. Бруто домашниот производ се зголеми на осум милијарди евра (споредено пред независноста). Сега просечниот нето приход е над 1,200 евра, а вработеноста е на рекордно високо ниво. Земјата е на прагот на Брисел, а стана независна 17 години после Македонија.

 

А каде сме ние?

Секогаш сме таму каде што не треба да бидеме. Рамно 36 години паѓаме на истиот тест и постојано ги продаваме луѓето на парчиња. Додека Скопје остана врзано за бугарскиот јазол, соседна Албанија, која пред десет години беше многу пати посиромашна, направи голем скок напред со отворањето на сите преговарачки кластери. Брисел ги одвои албанските и македонските пруги, дозволувајќи ѝ на Тирана самостојно да се движи по свој колосек. Земјата што во 1990-тите важеше за фаворит за ЕУ ​​сега ризикува да се заглави во улога на држава што нема капацитет ниту за елементарни работи. Нејзиниот премиер и за празник споменува „предавство“! Невидена беда! Тешко е да се најде друг пример за толку исцрпувачко и нервозно патување како што е случајот со Македонија. Сега и муабетот за „протоколи“ е задоцнет. Господ на помош. Но, и тој е разочаран!

Секогаш сме таму кај што не треба да бидеме. Полно 36 години паѓаме на истиот тест и во континуитет продавaме млади луѓе нa делови. Додека Скопje остана врзано за бугарскиот јазол, соседна Албанија, која пред десетина години беше многу пати посиромашна, направи голем скок со отворањето на сите преговарачки кластери. Брисел ги одвои албанските и македонските колосеци, дозволувајќи ѝ на Тирана да продолжи напред самостојно. Земјата која во 90-ти години се сметаше фаворит за ЕУ, сега ризикува да се зацементира во улога на држава која нема капацитет ни за елементарни работи. Нејзиниот премиер и за празик спонмнува „предавство“. Невидена мизерија! Сега муабетите за „протоколите“ веќе се задоцнети. Господ на помош. Ама и тој е разочаран! Просто неверојатно колку станавме неверојатно прости. Во темнината на Македонија не се раѓа ново сонце.

А Кина уште повеќе го изненадува светот. Испрати ракета до темната страна на Месечината, потоа успешно стаса до Марс, а истовремено изгради неколку вештачки острови на спорните гребени во Јужното Кинеско Море. А сега и нуди спас на Европската унија!

 

 

Back to top button
Close