Османи: Не смееме да ја уништиме комуникацијата. И Бугарија има интерес регионот да се интегрира во ЕУ

Комуникацијата меѓу двете земји е најдобриот начин да се надминат разликите, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на заедничката прес конференција со генералиот секретар на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу, коментирајќи го меморандумот од Република Бугарија.

„Не претпочитам да користам негативен вокабулар, како црвени линии. Договорот со Бугарија ги дефинираше рамката и инструментите за соработка и надминување на разликите. Најдобар начин за решавање на проблемите е комуникација. Не смееме да ја уништиме комуникацијата. Исто така, во интерес на Република Бугарија е целиот регион да се интегрира во Европската унија“, рече Османи.

Османи смета дека бугарскиот меморандум отстапува од принципите на кои се заснова Договорот кој е потпишан со Бугарија, а чија цел, како што наведе, беше токму тоа – да се создаде рамка, да се создаваат инструменти каде можат да се надминат разликите кои постојат меѓу двете земји низ децениите.

„Убеден сум дека пристапот е интензивирање на комуникацијата. Секогаш кога има јаз во комуникацијата, нешто друго го пополнува јазот, како недозразбирањата, предрасудите, различните надворешни влијанија, и тој се создава секогаш кога вие ќе прекинете со комуникација. Сметам дека најважно е сега да ја воспоставиме интензивната комуникација за да го намалиме јазот кој некој друг би можел да го пополни со друга агенда – рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција, на која ги презентираше приоритетите во надворешната политика за следните четири години.

Back to top button
Close