Османи очекува Косово да биде примено во Советот на Европа во април

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го поздрави усвојувањето на извештајот на известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани, во однос на можниот прием на Косово во оваа европска институција.

„Мило ми е што можам да ја поздравам денешната одлука на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го покани Косово да стане членка. Успешното гласање резултираше со 31 глас „за“ и четири „против“, објави Османи на Социјална мрежа „Х“.

Тој додаде дека посакува априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа да биде последен чекор за процесот за членство на Косово во таа европска институција

Back to top button
Close