Османи повика да се усвојат уставните измени: Сега е моментот!
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук повика на собраниската зедница за уставните измени што е закажана за петок, 18 август да се надмине последната пречка за отворање на преговарачките поглавја. Притоа потсети дека треба да се има одговорност за идните генерации.
„Само два дена не делат од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување безбедна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани – собраниската седница за уставни промени. Со месеци пријателите и министрите од секаде во светот дојдоа да не охрабрат со пријателски совети да се фокусираме на овој предизвик и да ја надминеме оваа финална формална пречка пред отворањето на преговарачките поглавја.
Затоа ве повикувам да не дозволувате, сега кога сме во финалето, да се дефокусираме и да бидеме дезориентирани, туку да го зачуваме курсот и одговорноста за идните генерации.
Сега е моментот!“, напиша Османи