Отава го усвои предлогот за преселување на 10.000 Ујгури во Канада

Канадскиот Парламент едногласно го усвои необврзувачкиот предлог за преселување на 10.000 муслимански бегалци Ујгури од кинескиот регион Синџијанг во Канада во период од две години.

Долниот дом вчера гласаше со 322 гласа за предлог-законот на либералниот пратеник Самир Зубери, кој ја повикува владата да ги прифати Ујгурите и другите етнички муслимани, кои побегнаа во трети земји и се соочуваат со „притисок и заплашување“ од Кина да се вратат.

 

Иако усвојувањето на законот не ја принудува владата на премиерот Џастин Трудо да го спроведе предлогот, неподелената поддршка веројатно ќе изврши притисок врз неговата малцинска влада да го спроведе.

– Канада секогаш ќе им помага на оние на кои им е потребна заштита, рече министерот за имиграција Шон Фрејзер.

Во февруари 2021 година, канадскиот парламент усвои закон со кој постапките на Кина против муслиманите Ујгури во кинескиот регион Сиџијанг се дефинираат како геноцид.

Канада, исто така, беше меѓу земјите што се обидоа да одржат дебата во Обединетите нации минатата година за наводното кршење на човековите права од Кина врз муслиманите во Синџијанг

Back to top button
Close