Откажан штрајкот на контролорите на летање

Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, за да не се пролонгира изборот на оперативниот кадар што е неопходен, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.

На двочасовниот состанок во Контрола на летање М-НАВ, членството на Синдикатот одлучило да го стави во мирување шрајкот и да ги прифати огласите за вработувања што ги оспоруваше поради дел од позициите кои ги смета за несуштенски и што беа причина за реактивирање на одлуката за штрајк од октомври годинава. Авиосообраќајот на аеродромите во Скопје и Охрид, како и прелетите, ќе се одвиваат согласно планираното.

 

-Заклучивме да го откажаме штрајкот од неколку оперативни причини. Видовме дека со нашата активност доведуваме до тоа изборот на неопходниот оперативен кадар да биде пролонгиран и да не може да се изврши доколку продолжиме да инсистираме на 10 работни денови за конкурсот, а и понатаму стоиме на тоа дека треба да отпаднат тие двајца несуштински кандидати за вработување. Имавме опција или целосно да се откажат сите вработувања или да прифатиме, односно да ја „проголтаме“ неисправноста од страна на директорите кои веројатно играле на таква карта намерно за да немаме шанса голема за маневрирање, изјави Тасевски.

 

Доколку оперативниот кадар не биде примен сега, појасни, најверојатно во текот на 2024 година нема да може да конкурира што дополнително ќе го отежне работењето на колегите од оперативна и од воздухопловна техника и инженерите и не би сакале да ги ставиме во таква ситуација.

 

Тој најави дека ќе ја следат реализацијата на конкурсите, постапките за селекција и евентуалните неправилности.

 

-Доколку за кандидатите кои ќе бидат примени за несуштинските работни места се потврди дека се тие за кои и сега имаме соменавања дека заради нив се наместени конкурсите, тогаш ќе има потврда дека директорите ја манипулирале и ја злоупотребиле целата ситуација. Тогаш ќе треба да се поставуваат прашања кон нив – како знаеле и кој и зошто им наложил токму тие лица да бидат примени, рече Тасевски.

 

 

 

Едмон Калиќи, супервизор и инструктор во Контрола на летање, појасни дека причина за одложувањето на штрајкот се и се уште непродолжените договори на осумте студенти за контролори на летање што истекуваат на крај на годинава и за кои се уште не е побарано продолжување од ресорното Министерство. Исто така и поради тоа очекуваните патувања на иселениците и ба туристите во државава за празниците.

 

Според Тасевски, покрај осумте кандидати контролори на летање, во воздухоловна техника се потребни многу повеќе луѓе.

 

Главна болка, појасни, се кандидатите кои се примаат без никаква селекција, само со поднесена документација, без тестирања и без привремени рокови за обука и проверка на способностите. Наспроти нив, кадарот во воздухопловната техника покрај документацијата допрва до 29 декемрви ќе помине низ низа тестирања каде ќе може да ги покаже своите способности. Потоа ќе бидат примени со привремен договор но со услов дека мора да ја поминат обуката за да добијат лиценца.

 

Синдикатот го најави штрајкот како реакција на објавените огласи за вработувања во М-НАВ, со критериуми и времетраење спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава. Од Синдикатот тврдат дека менаџментот сака да вработи непотребен кадар од суштинските дејности – деловни асистенти и советник за човечки ресурси, што според нивни сознанија, е за еден од поранешните директори во М-НАВ. Еден од огласите е со траење од 10 дена, наместо 10 работни, а еден само три дена од кои два се сабота и недела.

 

По најавата за штрајк, Синдикатот завчера имаше средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој рече дека се прави се да нема прекин во одвивањето на авиосообраќајот. лв/ац/

 

 

 

 

 

ТАГОВИ

Контрола на летање штрајк

МОЖНО Е И ОВА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА

Комисијата за именувања и избори ја утврди предлог листата за членови на КСЗД и членови на други комисии

МКД

Комисијата за именувања и избори ја утврди предлог листата за членови на КСЗД и членови на други комисии

Спасовски и Тренчевска на предновогодишно дружење со децата од Јавните установи „25 Мај” и „11 Октомври”

МКД

Спасовски и Тренчевска на предновогодишно дружење со децата од Јавните установи „25 Мај” и „11 Октомври”

Богоев: Се очекува да се унапреди системот кантерски белешки со Србија

МКД

Богоев: Се очекува да се унапреди системот кантерски белешки со Србија

Петровска за „Економист“: Македонската Армија минува низ процес на модернизација досега незабележан во нејзината историја

МКД

Петровска за „Економист“: Македонската Армија минува низ процес на модернизација досега незабележан во нејзината историја

Донација на Почесниот конзулат на Република Србија за охридската градинка „Јасна Ристеска“

МКД

Донација на Почесниот конзулат на Република Србија за охридската градинка „Јасна Ристеска“

Министерот Николовски ги додели договорите за поддршка на планските региони – 6,1 милиони денари за подобрување на пристапот до обработливи површини

МКД

Министерот Николовски ги додели договорите за поддршка на планските региони – 6,1 милиони денари за подобрување на пристапот до обработливи површини

Европски сојуз за промени: Гаши, Касами и Меџити се сретнаа со претседателот на Албанија Бегај

МКД

Европски сојуз за промени: Гаши, Касами и Меџити се сретнаа со претседателот на Албанија Бегај

Дискусија како земјите од Западен Балкан да го искоритст Планот за раст на ЕК

МКД

Дискусија како земјите од Западен Балкан да го искоритст Планот за раст на ЕК

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ

Писонеро за МИА: Проширувањето останува процес заснован на заслуги, Северна Македонија да ги забрза уставните измени

МКД

Писонеро за МИА: Проширувањето останува процес заснован на заслуги, Северна Македонија да ги забрза…

Од Сашко

12:42, 21 декември, 2023

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, постепено во претстојниот период ќе биде набавен за сите

Обезбеден лекот „Трикафта…

 

Од Симона

12:36, 21 декември, 2023

Судот го ослободи од обвинение поранешниот директор на Онкологија Васев, за несовесно работење во служба

Судот го ослободи од обви…

 

Од Александар

11:37, 21 декември, 2023

САД ја охрабруваат Северна Македонија да ги преземе потребните чекори за најдобра можна иднина на државата

САД ја охрабруваат Северн…

 

Од Борис

22:26, 20 декември, 2023

 

 

 

 

 

ОСТАНИ ПОВРЗАН

Facebook

Youtube

Twitter

Wiki

За Миа

Импресум

Маркетинг

Јавни набавки

Инфо од јавен карактер

 

Услови на користење

Изјава за приватност

Политика

ISO Политика

Дописници

Оргинални текстови

Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска – Стоиловска. Изработено од Кјуб Системи

 

 

 

 

© 2022 Медиумска информативна агенција

Back to top button
Close