Јотовски и Симева најдобри на Мастерсот во Скопје

 Томислав Јотовски во машка и Александра Симева во женска конкуренција триумфираа на Мастерс турнирот во Скопје што се одржа на терените на Тенискиот клуб Југ.

Во конкуренција на осум тенисери, Томислав Јотовски (ТК Југ) во финалето беше поуспешен од Иван Манасов (ТК Неготино) 6-3, 6-0, а Борјан Стефановски (ТК Југ) го освои третото место.

Во женска конкуренција настапија седум тенисерки, а титулата ја освои Симева (Тенис Парк) која беше подобра од Ива Данева (ТК Југ) 2-6, 6-4, 6-3, Ива Кузмановска (ТК Југ) го освои третото место со победа над Симона Ангелова (ТК Југ) со резултат 6-3, 7-5.

Back to top button
Close