ОТРОВОТ БИЛ СТАВЕН ВО ТЕГЛА, ПОСТОИ МОЖНОСТ БАБАТА ДА ГО ПОМЕШАЛА СО НЕШТО ДРУГО: Кога синот и снаата почнале да се гушат, бабата доживеала срцев удар, соседите ги нашле на земја
„Фокус“ открива нови детали од близок член на семејството во врска со инцидентот во кој сега веќе едно лице почина, а две се борат за живот, откако изедоа домашна пита со праз.
Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата.
Истиот веќе подолг период е забранет во земјава, но сепак, широко е распространет и е најчеста причина за труење на кучиња, кои умираат во тешка агонија.
Истрагата ќе покаже како завршил отворот во домашната пита со праз, што ја месела старата жена.
Фокус откри дека блиско лице на семејството станува збор за грешка со кобен исход.
„Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна, вели изворот за Фокус.
„Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат – вели извор.
…