Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк

Градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година донесе одлука да се отстрани  статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко“, и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота.

Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што беше откриена во 1940 година, а го прикажува Рузвелт на коњ, додека покрај него стојат индијанец и Афроамериканец. Критичарите ваквата композиција на статуата ја нарекоа симбол на колонијализмот и расизмот.

„Њујорк Тајмс“ лани напиша дека градската канцеларија за култура донесе одлука за отстрануваше на статуата од местото на кое стоеше 80 години и дека истата ќе биде преместена Северна Дакота.

Природнонаучниот музеј на својата веб-страница објави дека е горд што е поврзан со семејството Рузвелт, но дека во моментов статуата „пренесува порака за расна хиерархија која музејот и јавноста веќе подолго време ја сметаат за вознемирувачка“.

Рузвелт беше претседател на САД од 1901 до 1909 година.

Back to top button
Close