Отстранeти незаконски поставени риболовни мрежи во Националниот парк „Маврово“, контролите против бесправниот риболов ќе продолжат


Службени лица од Националниот парк „Маврово“ откриле и отстраниле незаконски поставени риболовни мрежи при редовна контрола во Мавровското Езеро. За случајот веднаш е известена Полициската станица во Маврови Анови, а во координација со надлежните институции веќе се преземаат мерки за утврдување на одговорноста.

Од Националниот парк најавуваат дека инспекциските контроли на езерото ќе продолжат со цел да се заштити рибниот фонд и да се спречи неовластеното користење на природните ресурси.

Паркот упати апел до сите граѓани, рекреативни риболовци и љубители на природата да пријават каков било облик на незаконски риболов или активности што ја загрозуваат природата. Од установата истакнуваат дека сите прекршоци ќе бидат соодветно документирани и процесирани согласно законот, нагласувајќи дека зачувувањето на Мавровското Езеро е заедничка одговорност на институциите и јавноста.

Back to top button
Close