Oтстранилa стари тавански плочи и пронашла скриени заплашувачки писма во подрумот

Жителка на американската сојузна држава Мичиген, реновирајќи го својот дом, наишла на писма како од некој психолошки трилер-филм.

Имено, откако нејзината куќа била оштетена од поплава, сопственичката и нејзините мајстори прво ги отстраниле старите тавански плочи во подрумот… Токму таму ги пронашла морничавите стари писма – адресирани до повеќе луѓе. Секоја од пораките има застрашувачки тон…

„Драга Мери Галагер, не излегувај предоцна или по мракот, затоа што може да имаш сериозна несреќа – сенка Икс“, гласи едно од писмата.

Според сопственичката Алаина, втората порака е уште подиректна. Тука читаме: „Подобро внимавај, затоа што ако не пазиш, ќе завршиш во еден од многуте ровови. И ако тоа се случи, тоа нема да биде моја вина (сфаќаш?)“.

Шокирана од откритието, пронаоѓачката одлучила да ги истражи имињата во писмата.

– Повеќето од луѓето до кои се адресирани писмата, починале мирно. Тоа ми даде малку мир, изјави Алаина.

Таа го сподели своето откритие на „Тикток“, па видеото надмина 350.000 прегледи. – Не очекував толку силна реакција. Многу луѓе ми велат да контактирам со полицијата, за што воопшто и не помислив на почетокот, признава таа.

Нејзиното момче верува дека писмата се всушност валкана шега од децата кои живееле во куќата во 80-тите. – Ни се чини како бизарна шега од минатото, поради малку детскиот начин на пишување и потписот „XXX Шедоу“, додаде Алаина.

Нејзините следачи, сепак, ја убедиле да се обрати до својот агент за недвижности, кој случајно, е и полицаец. Тој, пак, мисли дека писмата се, веројатно, дело на нестабилна личност од минатото. Денес, Алаина го гледа целиот случај поинаку.

– Планирам да ги врамам (писмата) и да ги закачиме во подрумот. Тие сега се дел од приказната за оваа куќа, заклучи сопственичката.

Back to top button
Close