Отворање на изложба на дела на познати светски уметници „Сета љубов“ во МСУ

Изложба насловена „Сета љубов (All the Love)“ ќе биде отворена од денеска во 16 часот, па се до февруари следната година, во Музејот на современата уметност – Скопје . Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации и видеа, ќе се претстават 11 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Бобур, Гугенхајм, Мома Њујорк.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура и „Еуролинк осигурување“

Back to top button
Close