Отворен балкан или Берлински процес?

Oдамна е познато дека Берлинскиот процес беше инициран во 2014 год. од поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, и замислен во формат на годишни состаноци меѓу Унијата и Западен Балкан. Последниот Самит на оваа иницијатива имаше цел зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија што требаше да резултира со динамизирање на ЕУ реформите.

Пораката која беше пратена од Берлин е дека регионот, особено по руската агресија врз Украина, припаѓа во Унијата, но и дека регионот мора да ги надмине меѓусебните конфликти. На Самитот се потпишаа три договори за мобилност кои, меѓу другото, предвидуваат движење на граѓаните со лични карти меѓу земјите во регионот. Создавањето на Берлинскиот процес во балканката јавност беше толкуван како намера на ЕУ да ја позабави динамиката на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија или воопшто да нема полноправно членство на земјите на Западен Балкан во Унијата.. Така беа толкувани и предлозите на францукиот претседател Макрон за проширување после реформирана ЕУ и создавањето на ново европко тело за политичка соработка т.е европската политичка унија.,

На Балканот одамна (уште после Втората светска војна) постоеја планови на создавање на геостратешки економскии региони: Тито во свое време замислуваше на создавање на голема Југославија во чиј склоп би биле Бугарија и Албанија, но тоа не бидна поради спротивставувањето на Сталин.

После распаѓањето на СФРЈ на инсистирање на МилошевиЌ се создаде СРЈ меѓу Србија и Црна Гора за да после и таа да се распадне. Планот беше дел од таа СРЈ биде и Македонија, но ние тоа категорично го одбивме.

После тоа сонувавме да бидеме дел од тоа што е во нордиските земји: Нордиски Совет. Или нешто слично како меѓу Белгија, Холандија и Луксембург – Бенелукс. На тоа ни „завидоа„ скандинавските и балтичките земји и во 2021 год. формираа Балтоскандија.

После креирањето на Беринскиот процес тројца лидери на три балкански земји ( Рама, Вучик и Заев) во Нови Сад во 2019 го креираа Балканскиот Мини Шенген кој потоа се претвори во Отворен Балкан. Целта беше интензивирање на економската и меѓуцаринската соработка на земјите на Западен Балкан со цел да спласнат политичките тензии.

Албанскиот премиер Рама се фалеше дека тој како висок лидер по височина ( над две метри висок) го создал Мини Шенген за да се развие економијата, и е вистинска штета, вели тој, што косоварите „не разбираат„ што е политика и не се приклучија кон Отворен Балкан. Инаку според Рама ќе спласнеа тензиите меѓу Србија и Косово. Сега во тој дел на Балканот, како резултат на „успешноста„ на Отворен Балкан, војската на Вучиќ е во највисоката воена готовност и Борел го моли Вучиќ да ја снижи готовноста во понизок степен и аналогно на тоа, го моли Курти да организира вонредни локални избори. И двајцата одбиваат. Што улога игра Отворен Балкан во оваа серија на кризи и недоразбирања?

Креаторите на овој проект на крај треба да се помируваат дека Open Balkan е пропаднат проект, кој не само што не функционира туку и не постои или само фиктивно постои. Да постоеше реално не ќе имаше потреба српската полиција да киднапираше и притвореше косовски полицајци на терен на туѓа држава, нема да имаше потреба за ослободување на истите да се ангажираат Борел, Лајчак и Ескобар.

Српската премиерка Брнабиќ изјави дека Отворен Балкан е оригинал српски предлог и дека најголема економска придобивка имала досега Србија.

Да беше успешен проектот Open Balkan меѓународната заедница немаше да го прогласи Балканот како многу опасен регион во кој скоро секој ден има опасности за дестабилизација на Европа. ЕУ на Самитот од овие денови за време на крајот на претседавањето со Унијата бараше од Вучиќ и Курти деескалација на состојбите на Северот на Косово.

Од друга страна Вучиќ често пати сонува и зборува за српски свет

За Зоран Заев немаше друг избор: и Берлински процес и Отворен Балкан. Велеше дека ќе штедиме многу време при преминување на границите. Така минатото лето на граничниот премин Табановце наместо 7 часа нашите гастарбајтери чекаа 10 часа за премин на границата. Што се однесува до економската соработка со околните држави Македонските земјоделци се жалат за пламанот на нивните производи и цената на производите во Open Balkan. Политичарите се фалат за политичката соработка како најдобра во релионот додека стопанските комори не се задоволни.

Како понатаму, како побрзо до ЕУ?

КАКО ДА СЕ „НАЈДАТ НОВИ ФОРМИ„ НА ИНТЕГРАЦИЈА ?

Македонија веќе скоро цела година е обременета со задачата од Комисијата на ЕУ да ги исполнува дополнителните услови од „францускиот предлог„ кој стана потоа предлог на Унијата за уставни измени наметнати од Бугарија, како услов за вистинското започнување на преговорите за полноправно членство на земјата во Унијата. Власта и опозицијата овие денови започнаа да го усовршуваат германскиот јазик од колекцијата „германски во сто лекции„ Дилемата е дали е исто тоа „ зад тоа стојам јас„ и „јас гарантирам„. Одговор на оваа дилема портпаролот на Шолц сигурно ќе може да даде после неколку години кога се искристализираат германските дилеми меѓу проширување на ЕУ веднаш или изнаоѓање на „нов начин за интеграција на Западен Балкан во ЕУ ,дебата која се отвора во германското СДУ, како што пишува во Алгемање Цајтунг новинарот Мартенс.

После обвинувањата на СДСМ кон ВМРО дека германските сестрински партии од „колекцијата„ народни партии во Европскиот парламент не го поддржувала резолуцијата за македонскиот јазик во германскиот Бундестаг ова „гаранција„ на Шолц дадена на премиерот Ковачевски се покажуваше во јавноста како триумф на опрелебата за успех на уставните измени како услов без кој се не може понатаму кон ЕУ.

Дали ово што пишува Мартенс е слична на дискусијата на Макрон во форумот за безбедност во Братислава на 31 мај дека „сегашното статус кво„ не е опција„ но, и брзото проширување со нови членки,а без претходни реформи на институиите на ЕУ, исто така не е опција. Макрон во таа пригода истакна дека да се одговара на аспирациите за полноправно членство на земјите на Источна Европа и на Балканот треба да се „најдат многу форми„. Дали изразот „ да се најдат многу форми„ на интеграција е идентично на тоа што Макрон го рекол пред четири години : „Со Балканот целта не е еден процес на проширување.Тоа е еден избор на инвестиции на економски план, образованиЕ, јазици на овие земји.Тоа е една стратешка агенда која треба да ја имаме со нашите партнери, но не бездруго и со идни членки„ (Frédéric Says-franceinfo)

Во врска со гореизнесеното сметам дека токму тука е нашата дилема: стоички да стоиме во нашиот пат на ЕУ интеграција без резултати во реформите на судскиот систем и со пропаднато судство до дно со корумпирани обвинители и судии за кои и странските амбасадори јавно почнале да бараат оставки, како и со секојдневен раст на економскиот криминал, корупцијата и непотизмот каде министрите , пратениците, лидерите на партиит, со еден збор високите политички функционери имаат право да ги вработаат жените, балдеските, синовите и ќерките; некои и како обвинители без или со малку школо а обичните граѓани или просто речено „рајата„ да молат за едно просто вработување за нивните деца кои во неможност да најдат работа побегнале од својата земја на туѓина, и т.н, и т.н или напоредно со тоа да почнеме да размислиме да бидеме партнери со ЕУ во економски, образовни , културнии други инвестиции а не идни членки на Унијата, како што пред четири години ни препорачал Макрон.

И тука нашите надежи исчезнаа.Таканаречената „културна револуција„ симбол на рушење на власта со молив и фрлање на молотови коктели по институциите на власта пропадна. Едната Фамилија ја рушевме и дојде друга Фамилија. Веќе нема да има ниту шарени ниту црвени револуции, ми вели еден мој пријател. Младите, деца на високи функционери, уживаат во благодетите на државата, децата на рајата побегнале од нивната родна татковина со продолжено европско геогравско име и некои од нив ноќите ги поминуваат во автобуските и железничките станици на Стара Европа барајчи да обезбедуваат едно парче леб за нивните семејства. Поголемиот број се снашле и веќе најделе работа и нема да се враќаат дома. Во Македонија се раѓа нова генерација на талентирани бизнисмени „без ниеден денар„!!!

Во таа насока беше и размислувањето и на поранешниот претседател Бранко Црвенковски на амбасадорската Трибина пред некој ден кое размислување, експресно и без подлабоки анализи од власта беше окарактеризирано како „старомодно размислување и донесување на одлуки„ спротивно на „храброста„ на власта за секојдневни измени во Уставот со тешки компромиси. Но, компромисот е компромис и никој не победува, сите помалку губат а најмногу немоќните.

Мухамед Халили

Back to top button
Close