Отворена пита со спанаќ

Состојки:

  • Тесто:
  • 185 грама брашно
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 дл млака вода
  • малку сол
  • Фил:
  • 2 јајца
  • 125 грама сирење
  • 2 дл неутрална павлака
  • 300 грама спанаќ
  • 5 грама путер со билки

Подготовка:

Просејте го брашното и додадете малку сол и сув квасец. Измешајте сè, потоа додадете маслиново масло. Замесете меко тесто со постепено додавање млака вода. Оставете го тестото да отстои додека го подготвувате филот. Изматете цели јајца како за кајгана, додадете го сирењето и  неутралната павлака. Потоа спанаќот што претходно сте го исецкале и свариле. Важно е добро да го исцедите од вишокот течност пред да го соедините со масата. Додадете путер што сте го исечкале на мали коцки, песто и зачини во масата. Ако вашето сирење не е солено, додадете сол по вкус. Подгответе кружна тава, само лесно посипете ја со брашно. Развлечете го тестото во тенок круг, така што ќе биде поголем од дијаметарот на тавата. Ставете го тестото во тавата, така што вишокот тесто ќе оди по рабовите на тавата. Важно е тавата да биде целосно покриена со тесто, за да не истекува филот, во спротивно ќе се залепи за тавата. Ставете го подготвениот фил во подготвеното тесто одозгора и печете на 180 степени околу 40 минути. Сервирајте топло.

Back to top button
Close