(Видео) Македонецот Витанов , брат на поранешен наш конзул во Италија ја убил сопругата, па се обиде да се самоубие на гробот на нивниот син

Страшна семејна трагедија ја потресе италијанската Пјаченца, откако 55-годишна жена со македонско потекло идентификувана како Милена Витанова беше пронајдена мртва во стан на периферијата на градот, со повеќе убодни рани од нож, пренесува newz24live.com

Според италијанските медиуми, драмата започнала околу 15:30 часот, кога нејзиниот сопруг, исто така Македонец, идентификуван како Хако Витанов, сам се јавил на телефон признал дека ја убил својата сопруга, а потоа избегал од местото на злосторството.

На адресата веднаш пристигнале карабинери, пожарникари и екипи на Итната медицинска помош, но вратата од станот била заклучена. Пожарникарите морале да влезат преку балкон, каде што ги дочекала морничава глетка – безживотното тело на жената лежело во локва крв.

Според првичната истрага, на телото биле констатирани повеќе убодни рани нанесени со остар предмет, како и тешки повреди на главата. Во непосредна близина бил пронајден нож за кој се сомнева дека е оружјето со кое е извршено бруталното убиство.

Откако почнала потрагата, карабинерите го лоцирале Хако Витанов неколку часа подоцна на гробиштата Виа Каорсана во Пјаченца каде се обидел да си ги пресече зглобовите. Според првичните извештаи, мажот се обидел да стигне до гробот на својот син, кој почина во сообраќајна несреќа пред неколку години заедно со ќерката на Стојан Витанов.

Целиот текст можнете да го видите на  newz24live.com

Back to top button
Close