Јовановиќ: Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, за што би биле потребни 1% од целиот пакет?
Јовановиќ прашува:

- Зошто поддршката за плати повторно ќе се дава преку фирмите, наместо да се дава директно на работниците, и дали повторно ќе видиме како овие пари завршуваат кај газдите на фирмите наместо кај работниците?
- Дали еден од условите за добивање на оваа поддршка ќе биде фирмата да немала висока добивка во претходната година, или повторно најмногу пари ќе добијат „Систина“, „Брако“, кладилници, казина и фирми од зоните кои не плаќаат даноци?
- Зошто на загрозените граѓани повторно им се даваат само платежни картички од 6.000 денари, наместо да се вклучат во постојниот систем на социјална заштита и да добиваат поголема поддршка на подолг период?
- Зошто од 470-те милиони евра, колку што е целиот пакет, за загрозените граѓани се само 27,6 милиони евра преку платежни картички, односно само 6%?
- Зошто во пакетот нема мерка за купување таблети за учениците кои немаат услови за онлајн настава, кога за тоа би биле потребни околу 5 милиони евра, односно, 1% од целиот пакет?
- Зошто нема мерка за поддршка за онлајн продажба и онлајн работење на самовработените и малите фирми?
- Колкава буџетска дупка ќе се направи со сите најавени даночни намалувања и како таа ќе се покрива?






