Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во февруари

Во текот на минатиот месец во земјава се регистрирани 661 нов случај на овчи сипаници, што е 26,8 отсто помалку во однос на месецот пред него, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во својот најнов месечен извештај.

Овчите сипаници во февруари се најчесто регистрирано акутно заразно заболување.

 

Според извештајот на ИЈЗ, на второ место по број на пријавени заболени во месец февруари се ентероколити, со 207 случаи, што е зголемување за 27 отсто во однос на претходниот месец.

 

На листата на ИЈЗ, за регистрирани акутни заразни заболувања, на третото место во февруари е голема кашлица со пријавени 120 лица.

„Регистрирани се 120 случаи на голема кашлица. Пријавените случаи се од Скопје, Тетово, Куманово и по еден случај е пријавен од Струмица, Битола, Крива Паланка, Гостивар, Дебар и Струга. Пријавени се случаи од сите возрасни групи, со најголем број на пријавени од возрасната група од 10 до 14 години“се додава во извештајот.

Во однос на вакциналниот статус на заболените, од ИЈЗ велат дека, 60 лица се невакцинирани или некомплетно вакцинирани. Од сите пријавени случаи, 23 лица биле хоспитализирани и во просек седеле во болница девет дена.

Во последниот неделен извештај, кој ИЈЗ го објави во петокот, беше констатирано дека има намалување на бројот на заболени од голема кашлица за 14 отсто во однос на неделата пред неа.

Во последната недела регистрирани 43 нови случаи на голема кашлица, пет деца се хоспитализирани

Во текот на февруари пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

 

Back to top button
Close