Овцокрадци му однеле 82 грла на сточар од скопско Грушино
Во скопското село Грушино е пријавена една од најголемите кражби на добиток последниов период — од трлото на сточарот Азем Сулејмани исчезнале 82 овци. Случајот го потврдиле од полицијата за „Алсат“, додавајќи дека е во тек интензивна истрага.

Сулејмани проценува дека загубата надминува 27.000 евра, а ова, за жал, не е првпат да стане мета на крадци. Претходно, вели тој, исто така бил ограбуван и останувал без дел од стадото.
Овој пат, разбојниците најверојатно се снимени од камера на соседот, што би можело да биде клучна трага за истрагата.
Од МВР нагласуваат дека преземаат мерки за лоцирање на сторителите и расчистување на случајот.






