Јовиќ за една вечер во Ајнтрахт го израмни двегодишниот голгетерскиот ефект од Реал Мадрид

Само половина час игра по враќањето во Ајнтрахт Франкфурт му беа потребни на српскиот репрезентативец Лука Јовиќ да го израмни голгетерскиот ефект од својот двегодишен престој во Реал Мадрид.

Српскиот напаѓач вечерва влезе во игра во 62 минута и при резултат 1:1 постигна два гола во триумфот на Ајнтрахт Франкфурт над Шалке од 3:1, во рамки на завршниот натпревар од 16 коло во Бундеслигата.

Јовиќ во 2019 година за сума од 60 милиони евра премина од Ајнтрахт во Реал и откако на 32 натпревари постигна само два голови, „кралскиот клуб‘ во вторникот го врати Србинот во бундеслигашот од Франкфурт како позајмен играч до крајот на сезоната.

Во својот прв престој во Ајнтрахт, Јовиќ од 2017 до 2019 година, одигра 75 натпревари во Бундеслигата и постигна 36 голови.

Back to top button
Close