Озборувањето на другите е луфтирање на срцето
Кон графичкиот роман „Везење“ од Марџан Сатрапи
Додека Деметра плачела по својата грабната ќерка, пред неа се појавила старицата Баубо (интерпретирана и како персонифицирана вулва) и што мислите, што и (по)кажала што божицата одеднаш се сепнала, па потоа прснала да се смее? Не се сеќавам точно каде митот за Деметра и Баубо беше баш вака сведен, но според Жорж Деверо, додека божицата тагувала и одбивала секаква утеха токму старицата и нејзиниот арсенал (веројатно исклучително вулгарни) гестикулации и шеги успевале да ја насмеат и наведат да јаде и пие. Односно, да преживее.