Озил промовиран во Фенербахче

Поранешниот германски репрезентативец со турско потекло Месут Озил вечерва беше претставен во Истанбул како ново засилување на Фенербахче, исполнувајќи го со трансферот својот детски сон.

Озил, кој дојде од редовите на Арсенал, изрази надеж пред насобраните новинари оти ќе му помогне на клубот за кој отсекогаш навивал да ја освои сезонава титулата во турскиот шампионат.

Играчот за врска потпиша со Фенербахче договор на 3.5 години, што ќе му донесе заработка од три милиони евра по сезона.

Озил ја отфрли можноста од враќање во германската фудбалска репрезентација, за која последниот натпревар го одигра на Мундијалот во Русија во 2018 година, а како причина наведе дека бил изложен на расистички напади.

-Еднаш кога го избирам својот пат, никогаш не се враќам назад, порача новото засилување на Фенербахче.

Back to top button
Close