Пад на акциите на Дојче банк предизвика паника

Цената на Дојче банк, најголемата германска банка, падна за повеќе од 11 отсто во петокот, по растот на кредитните „свапови“ во четвртокот навечер. Ова е трет ден на пад на цените, а севкупно цената падна за една петтина од почетокот на март.

 

Кредитните „свапови“ се форма на осигурување за сопствениците на обврзници на компанија од неисполнување на обврските, што е форма на осигурување за купувачите на обврзници од пропаѓање на банката. Фактот што оваа форма на осигурување сега е поскапа јасно покажува дека пазарот проценува дека ризикот од банкрот на Дојче банк драстично пораснал.

Инвеститорите се загрижени дека регулаторите и централните банки допрва треба да го задржат најголемиот шок за секторот од глобалната финансиска криза во 2008 годинаПаниката околу банкарскиот сектор започна со итното спасување на Кредит Суис, втората по големина банка во Швајцарија, која беше купена од УБС, најголемата швајцарска банка. Тоа донекаде и очигледно привремено ја смири паниката за колапсот на финансискиот сектор во Европа. Но се чини дека не е ни блиску да го спречи тоа.

Back to top button
Close