Падна кран на градилиште во старата касарна во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за „Апла“ граѓани кои биле очевидци.

Кранот според фотографиите што ни ги испратија е срушен врз објектот во градба.

Во СВР Битола е пријавено дека има повредени лица, a од Битолската болница велат дека нема пријавено повредни.

Настанот се случил околу 14 часот, СВР Битола потврди дека паднал кран, но се чекаат подетални информации.

Back to top button
Close