Паднаа цените на становите во еврозоната – ова се новите цени

Цените на становите во еврозоната, мерени со индексот на цените на куќите (HPI), паднаа за 1,1 отсто на годишно ниво во четвртиот квартал од 2023 година.

Наспроти тоа, цените на становите во Европската унија во истиот период се зголемија за 0,2 отсто на годишно ниво.

На годишно ниво, цените на становите пораснаа во 18 земји-членки на ЕУ, паднаа во осум земји на ЕУ, додека податоците за Грција се уште не се достапни.

 

Највисок годишен раст на цените е забележан во Полска од 13 отсто, Бугарија за 10,1 отсто, Хрватска за 9,5 отсто, а најголем пад во Луксембург за 14,4 отсто, Германија за 7,1 отсто и Финска за 4,4 отсто.

На квартално ниво, цените на становите паднаа за 0,7 отсто во еврозоната или за 0,3 отсто во Европската унија, споредено со третиот квартал од 2023 година.

Цените на становите пораснаа на квартална основа во 14 земји-членки на Европската унија, паднаа во 11 земји од ЕУ, не се променија во Италија, а податоците за Грција повторно нема.

Највисок квартален раст на цените е забележан во Полска од 4,8 отсто, Хрватска од 3,4 отсто, Ирска за три отсто, а најголем пад во Франција за 2,7 отсто, Латвија за 2,5 отсто, Данска и Шведска по 2,3 отсто.

Back to top button
Close