Пакистан нареди времено запирање на социјални мрежи по насилни протести

– Пакистанската Влада нареди привремено суспендирање на социјалните мрежи и платформите за пораки по неколкудневните насилни анти-француски протести.
Министерството за внатрешни работи побара од пакистанските телекомуникациски власти да блокираат Twitter, Facebook, Whatsapp, YouTube и Telegram неколку часа.
Причината за забраната не беше соопштена, но е воведена еден ден по препораката од француската Амбасада во Пакистан, француски граѓани и компании привремено да ја напуштат земјата.
Политичките партии често ги користат социјалните медиуми за организирање демонстрации, особено по петочната молитва. Во минатото, пакистанските власти привремено ги забрануваа социјалните мрежи и ги суспендираа мобилните услуги во обид да спречат масовни протести.






