Палчо и останатите обвинети кажаа дека не се чувствуваат виновни
20.09.2024 11:19
422 Читање помалку од 1м
Љупчо Палевски Палчо и останатите обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски – Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски рекоа дека не се чувствуваат виновни.
– Не се чувствувам виновен. Се ставам на располагање, наместо молчење, рече таткото на Вања.
Полномошникот на мајката предјави оштетно побарување и се приклучи на кривичниот прогон против обвинетите.