Панчевски со кривична за сите членови на Советот на ЈО. Небулозното оправдувањето дека сум немал стаж е уште еден срам кој историјата ќе го запише“.

„Заради вистината ќе споделам со вас дека Советот на јавни обвинители денес при очи сите не направи слепи, исто како што бевме убедувани дека сме слепи едно не така одамна мрачно време за референдумот на кој не сме гласале, а бил изгласан со мнозинство. Народот не е глупав, не е ниту слеп, ниту неписмен, но е погазен, еве по којзнае кој пат. Селективната правда нема да престане, а процедурата ќе се истурка како “секое чудо за три дена”, за скоро ќе се избере нов Јавен обвинител и се ќе биде, како до сега! Криењето зад советот со вакво небулозно оправдување дека сум немал стаж е уште еден срам кој историјата ќе го запише“.

Ова меѓу другото доцна синоќа на Фејсбук го напиша Владимир Панчевски, кандидатот за функцијата државен јавен обвинител кој вчера од Советот на јавни обвинители беше дисквалификуван поради, како што рекоа, немањето најмалку 10 години непрекинат работен стаж од областа на кривичното право, како што пропишува Законот за јавно обвинителство.

 

– Advertisements –

 

 

 

Неколку часа подоцна, Панчевски исто така на Фејсбук објави дека поднесува кривична пријава за 10 членови на Советот на јавни обвинители за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв со чл. 22 од Кривичниот законик“

 

„Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, јас Владимир Панчевски од Скопје, поднесувам,

КРИВИЧНА ПРИЈАВА против:

1. Башким Бесими од Тетово, претседател на Советот на јавни обвинители

2. Марјана Илиеска од Прилеп, заменик претседател на Советот на јавни обвинители

3. Јелена Догазанска Колева од Скопје, член на Советот на јавни обвинители

4. Зорица Павловиќ од Скопје, член на Советот на јавни обвинители

5. Ермон Незири член на Советот на јавни обвинители

6. Кети Петкова член на Советот на јавни обвинители

7. Светлана Стојковиќ член на Советот на јавни обвинители

8. Душица Димитриеска член на Советот на јавни обвинители

9. Ардиан Демири член на Советот на јавни обвинители

10. Фатих Алиу член на Советот на јавни обвинители

За кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.1 вв со чл. 22 од Кривичниот законик“.

Back to top button
Close