Пандев му порача на Османи да си гледа политика и да ги остави фудбалерите да уживаат

Смешен си господине, за фудбалерите треба споменици, а не пасоши, порача легендата на македонскиот фудбал

Откако шефот на дипломатијата Бујар Османи им даде дипломатски пасоши на двајца фудбалери, Александар Трајковски и Енис Барди, и на селекторот Благоја Милевски, поранешниот репрезентативец и капитен Горан Пандев му порача да си ја гледа политиката и да ги остави хероите да уживаат.

Пандев пораката ја испрати преку објавување „стори“ на Инстаграм со фотографија од Османи и неговото ветување дека ако ја победат Португалија сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасош.

„Смешен си господине, и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши -порача Пандев.

Фудбалерите на 24 март го победија актуелниот европски првак Италија на гостински терен и се пласираа во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар годинава. Финалниот меч од баражот тие ќе го одиграат утре во Порто, против Португалија.

 

 

Back to top button
Close