Пандов: На дисциплинска двајцата затворски полицајци кои му го дале телефонот на Васил Јованов
Дисциплински постапки се покренати против двајцата затворски полицајци од затворот во Шутка кои му овозможиле телефон на Васил Јованов, лицето кое на булеварот „Партизански одреди“ ја усмрти Фросина Кулакова. Постапките се веќе покренати и завршени, информираше денеска директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов на заедничката прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Пандов нагласи дека по пронајдениот телефон кај Васил Јованов, полициски службеници од Интервентната полиција отишле да направат претрес во притворскиот дел, при што биле пронајдени 70 телефони. Контрола била направена и три дена подоцна, вели Пандов, и во истиот дел од затворот биле пронајдени уште 35 телефони.