Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

Професорот Никола Пановски за „Слободен печат“ вели дека тоа што Обвинителството и здравствените власти – ИЈЗ и Министерството за здравство знаат какви се резултатите од испитаната вода во Гостивар а не ги кажуваат, претставува кривично дело, бидејќи на таков начин, според професорот спречуваат да се лекуваат граѓаните.

Според него, јавното здравје, па дури и здравјето на само еден човек, е поважно од се.

Тоа е кривично дело. Замислете една ситуација: Лежи пациент во болница има некое труење. Болницата не ги направила тестовите по протокол, но ОЈО се сомнева во некој причинител и наредува да се направат лабораториски тестови. Потоа ОЈО не им ги кажува на докторите резултатите бидејќи трае истрагата, пациентот починува. Завршува истрагата и се покажува дека доколку докторите го знаеле причинителот, ќе му го дале на пациентот вистинскиот лек и ќе го спаселе. Секоја поврзаност со настанот во Гостивар е намерна – вели Пановски за „Слободен печат“.

повеќе

Back to top button
Close