Папа Франциск: Со страв го следам конфликтот во Етиопија

Папата Франциск денеска рече дека „со страв“ го следи конфликтот во етиопската област Тигре, кој деновиве повторно се влоши.
„Со страв ја следам ситуацијата по избувнувањето на конфликтот во регионот Тигре во Етиопија, свесен дека ја опфаќа и соседна Еритреја“, рече денеска во Ватикан поглаварот на Католичката црква при приемот на членовите на РОАКО, телото за помош на источните цркви.
– Во таа земја, разликите меѓу етничките групи и борбата за власт што потекнува од тоа станаа систематски, рече Папата, притоа повикувајќи на братство.

 

Етиопската војска во вторникот изврши воздушен напад врз селото Тогогу, во регионот Тигре, што беше осудено од меѓународната заедница.

Имаше извештаи за бројни цивилни жртви на тамошниот пазар.

Војската денеска соопшти дека нападот бил насочен против бунтовничките борци.

Back to top button
Close