Папата ја нарече војната во Украина варварство и сквернавење

Папата Франциск, во денешната редовна неделна беседа до верниците на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, повторно апелираше за прекин на борбите во Украина и повика на преговори.

„Помина повеќе од еден месец од почетокот на оваа сурова и бесмислена војна – рече Папата до верниците на плоштадот“,

Поглаварот на Римокатоличката црква војната ја осуди како „варварски чин и свернавење“. Додека, како што рече, родителите ги закопуваат своите деца, „моќните одлучуваат, а сиромашните умираат“. Папата Франциск уште кажа и дека „војната ја уништува не само сегашноста, туку и иднината на општеството

Back to top button
Close