Папата Франциск заминува на шестдневно патување во ДР Конго, Јужен Судан

Папата Франциск денеска ќе замине на своето прво меѓународно патување оваа година – шестдневна посета на Демократска Република Конго и Јужен Судан.

Првата дестинација на римокатоличкиот понтиф е главниот град на Конго, Киншаса, каде што ќе остане до петок. Франциск потоа планира да замине за Џуба, главниот град на Јужен Судан, пред да се врати во Ватикан во недела.

Посетата на папата на двете земји погодени од конфликти, насилство и природни катастрофи има за цел да донесе порака за мир и помирување.

Како што пренесе ДПА, најважните моменти од патувањето се очекува да вклучуваат јавна миса во воената воздухопловна база во Киншаса утре, која се очекува да привлече еден милион верници, како и средби меѓу папата и жртвите на насилство, бегалците и внатрешно раселените лица.

Back to top button
Close