Париз бара брза и транспарентна истрага за смртта на францускиот новинар во Украина

Новата шефица на француската диполоматија, Катрин Колона, денеска побара истрага за смртта на француски новинар во Украина.

-Франција бара истрагата да се спроведе што е можно поскоро и транспарентно да се соопштат околностите на оваа драма”, рече Колона.

Регионалниот гувернер на Луганс, Сергеј Гајдаи, претходно денеска соопшти дека напорите за евакуација на цивилите од регионот во источна Украина се прекинати откако француски новинар загина во оклопно возило погодено од шрапнели од руска граната.

Гајдаи на Телеграм објави дека шрапнелите го пробиле оклопот на возилото и го убиле францускиот новинар кој бил во него

Back to top button
Close