Пашинијан поднесе оставка, отворен патот за предвремени избори во Ерменија

Ерменскиот премиер, Никол Пашинијан, во телевизиско обраќање денеска изјави дека поднесува оставка за да може во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори.

-Денеска ја поднесувам оставката со цел да се одржат предвремени парламентарни избори на 20 јуни, рече Пашинијан, пренесен од руските медиуми.

Пашинијан претходно најави дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 20 јуни. Тој, исто така, кажа дека формално оставката ќе ја поднесе во април, со цел да отпочне механизмот за распуштање на парламентот, но дека владата ќе ја предводи до изборите во јуни.

Според ерменскиот закон, предвремените парламентарни избори се одржуваат не порано од 30 и не подоцна од 45 дена по распуштањето на парламентот.

Механизмот за распуштање на собранието може формално да се иницира по оставката.

Back to top button
Close