Пасивно-агресивни реченици што треба да се избегнуваат

Пасивно-агресивното однесување често се јавува во секојдневниот живот во односите со пријателите, соработниците, љубовните партнери, семејството. Но, многу луѓе не секогаш ќе препознаат дека тоа се случува. Стручњаците сметаат дека пасивно-агресивната личност всушност сака да избегне судир „лице в лице“, неискрен /-а е и дава коментари што навидум изгледаат безопасни, но имаат негативни последици, пишува „Хафпост“.

– Кога сте пасивно-агресивни, се обидувате да пренесете како се чувствувате за нешто без всушност да го кажете она што сакате да го кажете. Тоа може да биде збунувачки, иритирачки и штетно за односите, појасни Џес О’Рајли, сексолог и терапевт од Торонто, Канада.

Следат најчестите реченици што го изразуваат пасивно-агресивното однесување.

 

„Жал ми е што се чувствуваш така

Ова може да звучи како искрено извинување бидејќи во прв миг се користат зборовите „Жал ми е“. Но, кога ќе се додаде „така се чувствуваш“, тоа е пасивно-агресивно обвинување кон другиот, наместо да се преземе одговорност за штетата што „извинувачот“ ја нанел.

– Буквално велите: „Останувам на она што го кажав и жал ми е што ја имаш таа реакција на тоа, но тоа е твој проблем“. Наместо тоа, преземете ја одговорноста за зборовите што сте ги кажале. Иако намерата можеби не било да предизвикате никаква штета, влијанието од тие зборови предизвикува штета. Може да кажете: „Жал ми е што те повредив“ или „Мене ми е жал за она што го кажав и предизвикав болка“, објасни психологот Мелиса Робинсон-Браун од САД.

 

Сè е в ред”

– Уште една вообичаена пасивно-агресивна фраза – велите дека „сè е ок“, а се гледа дека сте вознемирен /-а поради нешто. Можеби се надевате дека некој друг ќе направи нешто за да се справи со фактот дека всушност не сте в ред, но одбивате да побарате поддршка или сооодветно внимание, вели Џес О’Рајли.

 

Тука, поделотворно е да ѝ кажете на другата личност како навистина се чувствувате.

– …Во смисла, дали сте преоптоварени, недоволно ценети, несигурни, тажни, исплашени, дали чувството е безнадежно, љубоморни, отфрлени или е нешто друго? Како може другата личност да знае како се чувствувате ако вие не си ги споделите сопствените чувства? Решение: Кажете си што мислите и чувствувате!, додаде таа.

 

Како и да е

Овој коментар обично се јавува откако неколкупати сте се обиделе да го објасните вашето гледиште без успех. Тоа што не ве разбираат потоа ве фрустрира и велите „Како и да е“! Психолозите велат дека можеби ќе треба повеќе напор да се дојде до коренот на проблемот.

 

На пример, ако не сакате да гледате реално шоу, а другата личност сака и ве тера да гледате, обидете се да најдете компромис – без зајадливи коментари потоа.

 

Ако ти така велиш

Оваа изјава имплицира недоверба кон лицето на кое му е кажано тоа, како и дека не сакате да го продолжите разговорот, т.е. не ве интересира кажаното.

– Наместо тоа, покажете отворен ум и сметајте ги другите мислења исто толку вредни како и вашето. Обидете се со: „Ти благодарам за твоето гледиште. Разбирам зошто мислиш така. Може ли да кажам што јас мислам?“ Или, „Не сум сигурен дека те разбирам, можеш ли да појасниш што сакаш да кажеш?“, посочува Робинсон-Браун.

 

Премногу си чувствителен

Кажувањето некому дека е пречувствителен /-а, ги понижува чувствата на таа личност и суптилно ја префрла вината врз нив за емотивна реакција за нешто што вие сте го сториле.

 

Тоа е како да кажете: „Толку си слаб, што не можеш да ја поднесеш болката која штотуку ти ја нанесов?“. Има неколку проблеми со оваа изјава, вели психологот Рајан Хаус.

Тој советува да ја прашате личноста што ја вознемирило и да разберете како сте ја повредиле.

Back to top button
Close